Почина поранешниот светски шампион во бокс Синан Шамил Сам

Сан на бокс арената беше познат по прекарот „Бикот од Босфор“

404796
Почина поранешниот светски шампион во бокс Синан Шамил Сам

Почина поранешниот интерконтинентален светски шампион во бокс во тешка категорија Синан Шамил Сам кој боледуваше од инсуфициенција на црниот дроб.

Боксерот Сан кој пред неколку дена од една приватна болница беше пренесен во болницата за едукација и истражување пендик при универзитетот Мармара и е наоѓаше во интензивното одделение, покрај сите напори на лекарите го загуби животот.

Посмртните остатоци на боксерот Сам со чија здравствена состојба премиерот Ахмет Давутоглу одблиску се интересираше, ќе бидат погребани утре по пладневниот џеназе намаз кој ќе се клања во џамијата Коџатепе во Анкара, од каде ќе биде погребан во гробиштата Каршијака.

Боксерот Синан Шамил Сан беше роден во 1974 година во германскиот град Франкфурт и 9 пати беше шампион на Турција во тешка категорија.

Сан кој на бокс арената беше познат по прекарот „Бикот од Босфор“, на 20 ноември 1974 година ја освои титулата интерконтинентален бокс шампион во тешка категорија.


Тагови:

Слични вести