Во Баку свечено доделени светските и европски фер-плеј награди

Универзитетот Селчук и спортскиот раководител Абдулах Кигили добија фер-плеј дипломи

391069
Во Баку свечено доделени светските и европски фер-плеј награди

Во Баку свечено беа доделени светските и европски фер-плеј награди  на добитниците.

Додека светската фер-плеј награда ја освои полскиот тенисерЛукаш Кубот, исто така и на Турција и беа доделени две награди.

Универзитетот Селчук и спортскиот менаџер Абдулах Кигили добија фер-плеј дипломи.

Дипломата во името на универзитетот Селчук ја прими деканот на Факултетот за спортски науки при универзитетот Селчук, Низаметтин Чифтчи, додека дипломата во име на Абдулах Кигили ја прими членот на светскиот фер-плеј совет и втор претседател на европскиот фер-плеј совет Ердоган Арипинар.

Универзитетот Селчук со оваа награда се стекна со епитет на прв универзитет во светот кој доби фер-плеј диплома.


Тагови:

Слични вести