Светскиот куп 2022 во Катар ќе се игра во зима

ФИФА одлучи СП во фудбал во 2022 година чиј домаќин е Катар наместо во летниот термин како што беше во досегашната историја на првенството да се одржи во зима

353913
Светскиот куп 2022 во Катар ќе се игра во зима

Меѓународната фудбалска федерација ФИФА одлучи Светскиот куп во 2022 година чиј домаќин ќе биде Катар да се одржи во периодот од 21 ноември до 18 декември.

Во објавеното писмено соопштение по состанокот на Извршниот комитет на ФИФА што се одржа во швајцарскиот град Цирих се истакнува дека Светското фудбалско првенство во 2022 година се планира да трае 28 дена и финалниот натпревар да се одигра на 18 декември на Националниот празник на Катар.

Поради тоа што високите температури во Катар би претставувале закана за здравјето на фудбалерите и на гледачите не се гледаше поволно кон одржувањето на фудбалските натпревари на Светското првенство во 2022 година во летниот термин во јуни и јули.

Од друга страна ФИФА сопшти дека поради мигрантската криза на Високиот Комесаријат на ОН ќе му достави помош од 1 милион долари.

Меѓународната организација за миграција (IOM) истакна дека бројот на мигрантите кои оваа година преминувајќи преку Средоземното Море успеаја да пристигнат во Европа достигна до половина милион и дека 200 илјади од оваа бројка се Сиријци.


Тагови:

Слични вести