„Султанките на мрежата" го освоија второто место

Турција на реванш мечот и покрај тоа што ја совлада Унгарија со 3:1 во сетови го изгуби златниот сет со 15:13 и го освои второто место на CEV Европската лига 2015 за жени

349134
„Султанките на мрежата" го освоија второто место

Турската женска одбојкарска репрезентација на реванш натпреварот во финалето на CEV Европската лига 2015 и покрај тоа што го совладаа својот противник Унгарија со резултат од 3:1 во сетови го изгубија златниот сет со 15:13 и го освоија второто место.

На мечот што се одигра во Измир и на кој се водеше силна борба Турција првиот сет го изгуби со 25:23.

Потоа турските одбојкарки „Султаните на мрежата“ ги добија и трите останати сетови победувајќи го својот противник со резултат од 3:1 во сетови.

Поради тоа што Турција првиот натпревар што се одигра во Унгарија го загуби со резултат од 3:0 шампионот беше одреден на златниот сет.

Унгарија златниот сет го доби со 15:13 и ја освои шампионската титула, додека Турција го освои второто место и се закити со сребрен медал.

Граѓаните на Измир покажаа голема заинтересираност кон мечот на кој турската одбојкарска репрезентација играше со црни дресови.

Пред натпреварот им беше оддадена почит со едноминутно молчење на загинатите припадници на безбедносните сили во терористичките настани кои што се доживуваат во последно време.


Тагови:

Слични вести