Франција е противник на Турција во вториот круг на ЕПК

Турција и Франција ќе играат утре (сабота)

348504
Франција е противник на Турција во вториот круг на ЕПК

По победата што ја извојуваа шпанските кошаркари над репрезентацијата на Германија во рамките на квалификационите натпревари за Европското првенство во кошарка (ЕПК) 2015, Турција која го гарантираше второто место во Б групата, на последниот натпревар ја победи репрезентацијата на Исланд со резултат од 111 спрема 102.

Кошаркарската репрезентација на Турција која во рамките на квалификационите натпревари во групата постигна три победи, две загуби и предност во кошеви, во вториот круг на натпревари ќе игра против Франција, непоразениот лидер на А групата.

Турција и Франција ќе играат утре (сабота) во рамките на вториот круг на квалификации меѓу 16-те репрезентации во 22 часот во францускиот град Лил.

Репрезентациите на Србија, Шпанија и Италија кои исто така се наоѓаат во Б групата, се пласираа во вториот круг на квалификационите натпревари на првенството, додека Исланд кој доживеа 5 порази и Германија се простија од шампионатот.

Определени двојките кои се пласираа во натамошните квалификации на Европското првенство во кошарка. Според програмата, доле се наведени податоците за натпреварите што ќе се одржат во францускиот град Лил.

12 септември сабота:

13.00 часот Летонија – Словенија

15.30 -II- Грција - Белгија

19.30 -II- Шпанија – Полска

22.00 -II- Франција – Турција

13 септември недела:

13.00 -II- Хрватска – Република Чешка

15.30 -II- Србија – Финска

19.30 -II- Израел – Италија

22.00 -II- Литванија –Грузија


Тагови:

Слични вести