Златни медали за Кајаалп и Чеби

Кајаалп на финалниот натпревар го совлада Кубанецот Мижаин Лопез Нунез

377007
Златни медали за Кајаалп и Чеби

Турскиот борач Риза Кајаалп на светскиот шампионат во борење во грчко-римски стил што се одржа во американскиот град Лас Вегас осви златен медал.

Кајаалп на финалниот натпревар на шампионатот што се одржа во Орлеанс Арена се бореше против Кубанецот Мижаин Лопез Нунез. Репрезентативецот Кајаалп противникот го совлада со резултат од 1 спрема 0 и го освои златниот медал.

Во првото коло на квалификационите натпревари Риза Кајалп го совлада белорускиот противник Лосеб Чугосвили со резултат од 2 спрема 0, а во вториот круг австрискиот противник Лукас Хоерман со резултат од 8 спрема 0.

На четврт-финалниот натпревар Кајаалп со резултат од 9 – 0 и туш го совлада украинскиот противник Олександр Чернетски, а во полуфиналето со резултат од 6-0 го совлада азербејџанскиот борач Сабахи Шариати.

Турскиот борач Селчук Чеби во на финалниот натпревар до 80 кг во грчко-римски стил го совлада белорускиот противник Виктар Сасуноуски со резултат од 3-0 и на тој начин го освои златниот медал и шампионската титула.

Чеби во категоријата до 80 кг која не се смета за олимписка категорија, на првиот квалификационен натпревар го совлада египетскиот противник Ахмед Абделјсадек со резултат од 9 – 0. На вториот натпревар против киргискиот противник Самат Ширдаков , Чеби извојува победа осо резултат од 7-2 и на тој начин се пласираше во четврт-финалето.

На четврт-финалниот натпревар против унгарскиот противник Ласло Шабо, Чеби извојува победа со резултат од 3 – 2, додека на полуфиналниот натпревар против грузискиот борач Лаша Гобадзе со победа од 4-2 се пласираше во финалето.


Тагови:

Слични вести