Бразил прв, Турција втора на СП во одбојка за жени У23

Турција во финалето на СП во одбојка за жени У23 изгуби од Бразил со резултат од 3:1 во сетови и го освои второто место на првенството

334778
Бразил прв, Турција втора на СП во одбојка за жени У23

Заврши Светското првенство во одбојка за жени У23 на ФИВБ 2015 (Светската одбојкарска федерација ) чиј домаќин беше Анкара.

Финалниот натпревар на првенството се одигра помеѓу Бразил и Турција.

Притоа Бразил го освои првото место, а втора беше Турција.

Натпреварот кој беше емитуван во живот преку екраните на ТРТ Спор се одигра во салата Анкара Башкент и заврши со резултат од 3:1 во сетови за Бразил.

Третото место на турнирот го освои Доминиканската Република, а четврта беше Јапонија. Потоа пак следат Кина, Италија, Бугарија и Тајланд


Тагови:

Слични вести