Турските одбојкарки во финалето на СП во одбојка за жени У23

Турските одбојкарки У23 се пласираа во финалето на Светското првенство во одбојка за жени У23

334279
Турските одбојкарки во финалето на СП во одбојка за жени У23

На Светското првенство во одбојка за жени У23 ФИВБ 2015 (Светската одбојкарска федерација) чиј домаќин е Анкара Турција вчера во полуфиналето играше против Јапонија.

Притоа Турските млади репрезентативки го совладаа својот противник со резултат од 3:0 во сетови и Турција се пласира во финалето против Бразил.

Финалниот натпревар на првенството ќе се одигра денеска во 18:30 часот според турско време.

Натпреварот за третото место пак ќе се одигра помеѓу Доминиканската Република и Јапонија во 16:00 часот според турско време.

И двата натпревари ќе се емитуваат во живо преку екраните на ТРТ Спор.


Тагови:

Слични вести