Реал Мадрид го победи Галатасарај со 2:1

Синоќа помеѓу шпански Реал Мадрид и турскиот фудбалски претставник Галатасарај се одигра традиционалниот пријателски натпревар наречен трофеј на Сантијаго Бернабе

333404
Реал Мадрид го победи Галатасарај со 2:1

Синоќа Реал Мадрид и Галатасарај го одиграа традиционалниот пријателски натпревар трофеј на Сантијаго Бернабеу

На натпреварот во главниот град на Шпанија Мадрид домаќинот Реал Мадрид го победи Гаталасарај со резултат од 2:1.

Головите за Реал Мадрид ги постигнаа Начо во 17-та минута и Марсело во 81-та минута, додека единствениот гол за Галатасарај пристигна во 53-та минута од Снајдер.

Мечот беше следен од страна на 80 илјади гледачи на трибините, додека Галатасарај по втор пат е поканет за овој традиционален пријателски натпревар и воедно престижен турнир што се одигрува по 36-ти пат.

Галатасарај за трофејот на Сантијаго Бернабеу играше и во 2011 година при што и тогаш изгуби со резултат од 2:1.


Тагови:

Слични вести