Турција ја победи Франција на СП во одбојка за мажи У19

Турските млади одбојкари во вториот натпревар во својата квалификациона група „А“ на СП во одбојка за мажи У19 денеска играа против Франција и победија со резултат од 3:0 во сетови

329736
Турција ја победи Франција на СП во одбојка за мажи У19

Светското првенство во одбојка за мажи У19 на ФИВБ 2015 (Светската одбојкарска федерација) чиј домаќин е Аргентина продолжи со натпреварите во квалификационите групи.

Турските млади одбојкари У19 во вториот натпревар во својата квалификациона група „А“ денеска играа против Франција и победија со 25:20, 25:22 и 25:12 со резултат од 3:0 во сетови.

На тој начин со оваа победа Турција се искачи на лидерската позиција во својата група со еден одигран натпревар повеќе.

Турските млади одбојкари У19 утре третиот натпревар во својата квалификациона група на првенството ќе го одиграат со Аргентина.


Тагови:

Слични вести