СП во одбојка за жени У23 на екраните на ТРТ Спор

Денеска во Анкара почнува Светското првенство во одбојка за жени У23 ФИВБ 2015

324233
СП во одбојка за жени У23 на екраните на ТРТ Спор

Денеска почнува Светското првенство во одбојка за жени У23 ФИВБ 2015 (Меѓународната одбојкарска федерација) чиј домаќин ќе биде Анкара.

На турнирот кој ќе трае до 19 август ќе учествуваат 12 репрезентации и тоа Турција, Бразил, Бугарија, Кина, Доминиканската Република, Италија, Колумбија, Јапонија, Куба, Египет, Перу и Тајланд.

Натпреварите ќе се одиграат во салата за одбојка Анкара Башкент и во салата Анкара Арена.

Турските одбојкарки У23 кои ќе се натпреваруваат во групата „А“ ќе играат против Бразил, Бугарија, Италија, Колумбија и Египет.

Првиот натпревар Турција ќе го одигра вечерва во 19:00 часот според турско време против Египет.

Сите натпревари кои што ќе ги одигра турската одбојкарска репрезентација во текот на турнирот ќе се емитуваат во живо преку екраните на ТРТ Спор.

Еве ги натпреварите на Турските млади одбојкарки У23:


12 август, среда:
Во 19:00 часот Турција-Египет

 

13 август, четврток:

Во 19:00 часот Турција-Италија

 

14 август, петок:
Во 19:00 часот Турција-Бразил

 

15 август, сабота:
Во 19:00 часот Турција-Бугарија

 

17 август, понеделник:

Во 19:00 часот Турција-Колумбија


Тагови:

Слични вести