4 победи на турските боксери

Фатих Ќелеш го победи естонскиот противник Максим Вилде

319055
4 победи на турските боксери

Турските бокс репрезентативци првиот ден на Европскиот шампионат во бокс кој започна вчера во бугарскиот град Самоков, освоија 4 победи.

Боксерот Фатих Ќелеш во категоријата до 64 кг кој излезе на вечерната сеанса на натпревари го победи естонскиот противник Максим Вилде и се пласираше во второто коло.

Боксерскиот репрезентативец Сејда Кесер во категоријата до 91 кг го совлада молдавскиот противник Михаил Мунтеан и исто така се пласира во натамошните квалификации.

Во рамките на квалификационите натпревари во второто коло на Европскиот шампионат во бокс на 10 август понеделни, турскиот боксер Фатих Ќелеш ќе боксува против британскиот противник Пат МекКормак, а Сејда кесер против Швеѓанецот Габриел Ричардс.

На утринските натпревари, Јасин Јилмаз во категоријата до 60 кг и Али Ерен Демирезен до 91 кг ги победија противниците и се пласираа во второто коло.

Вечерва во категоријата до 69 кг боксерот Ондер Шипал ќе боксува за против Адам Патрик Нолан од Република Ирска за првиот круг на квалификациите.


Тагови:

Слични вести