Ривер Плата со победа од 3:0 го освои купот

ТРТ Спорт го емитуваше финалниот реванш натпревар на Копа Либертадорес турнирот

317424
Ривер Плата со победа од 3:0 го освои купот

ТРТ Спорт го емитуваше финалниот реванш натпревар на турнирот Копа Либертадорес кој се одигра рано изутрина меѓу аргентинската клуб Ривер Плата и мексиканската екипа Тигрес.

По првиот натпревар кој заврши нерешено без голови, на утринскиот натпревар на познатиот стадион Ел Монументал во Буенос Аирес, чиј судија беше Дарио Агустин Убриако, Ривер Плата со победа од 3:0 против Тигрес го освои купот. Головите за екипата на Ривер Плата ги постигнаа во 45-та минута Лукас Аларио, во 75-та минута Карлос Санчез од пенал и во 79-та минута Фунес Мори.

Со утринската победа, по освојувањето на истиот куп во 1986 и 1996 година, фудбалерите на Ривер Плата пехарот го однесоа во својот музеј. Аргентинскиот клуб Индипендиенте кој 7 пати го освои купот на турнирот Копа Либертадорес го држи рекордот. Со 6 освоени купови на второ место се наоѓа аргентинската екипа Бока Јуниорс и со 5 освоени купови уругвајската екипа Пенарол.


Тагови:

Слични вести