Ривер Плата или Тигрес, кој ќе го освои Купот Либертадорес

Аргентинскиот претставник Ривер Плата на реванш мечот во Купот Либертадорес што ќе се одигра во Буенос Аирес ќе го угости мексиканскиот претставник Тигрес

316876
Ривер Плата или Тигрес, кој ќе го освои Купот Либертадорес

Во раните утрински часови ќе биде познат шампионот во Купот Либертадорес кој се оценува за Лига на шампионите на Јужна Америка и е фудбалски турнир на кој се натпреваруваат најсилните фудбалски екипи.

Аргентинскиот претставник Ривер Плата на реванш мечот во Буенос Аирес што ќе започне во 03:55 часот според турско време ќе го угости мексиканскиот претставник Тигрес.

Првиот финален натпревар што се одигра во Мексико заврши со нерешен резултат од 0:0.

Аргентинскиот претставник Ривер Плата кој досега на два пати го освои Купот Либертадорес и тоа во 1986 и 1996 година, во 1966 и во 1976 година изгуби во финалето.

Сегашниот технички директор на Ривер Плата Марсело Галардо беше фудбалер во екипата која пред 19 години го освои овој куп така што ги прави пресметките за освојување на трофејот по втор пат. Галардо исто така има голема доверба и во поддршката од навивачите на својата екипа.

Мексиканскиот претставник Тигрес пак сака да го запише своето име во историјата како прва мексиканска екипа која ќе го освои трофејот.

Реванш натпреварот од финалето во Купот Либертадорес помеѓу аргентински Ривер Плата и мексикански Тигрес ќе се емитува во живо преку екраните на ТРТ Спор.


Тагови:

Слични вести