Тигрес и Ривер Плата во финалето на Купот Либертадорес

Финалето во Купот Либертадорес ќе се одигра помеѓу мексикански Тигрес и аргентински Ривер Плата

384168
Тигрес и Ривер Плата во финалето на Купот Либертадорес

Познат и вториот финалист во Купот Либертадорес кој се оценува за Лига на шампионите на Јужна Америка и е фудбалски турнир на кој се натпреваруваат најсилните фудбалски екипи.

Во вториот полуфинален меч што се одигра во доцните вечерни часови поточно во раните утрински часови според турско време, мексиканскиот претставник Тигрес ја победи бразилската екипа Интернационал со резултат од 3:1.

На тој начин финалето во Купот Либертадорес ќе се одигра помеѓу мексикански Тигрес и аргентински Ривер Плата.

Шампионската титула во Купот Либертадорес кој се одржува од 1960 година, досега аргентинските екипи ја освоија 23 пати, бразилските 17, а уругвајските 8 пати.

Првиот финален меч во Купот Либертадорес ќе се одигра на 29 јули во среда, а реваншот на 5 август исто така во среда.


Тагови:

Слични вести