Вечерва ќе биде познат вториот финалист во Купот Либертадорес

Реваншот од второто полуфинале ќе се одигра вечерва во 03:55 часот според турско време помеѓу мексиканската екипа Тигрес и бразилскиот претставник Интернационал

383623
Вечерва ќе биде познат вториот финалист во Купот Либертадорес

Вечерва (среда) ќе биде познат вториот финалист во Купот Либертадорес кој се оценува за Лига на шампионите на Јужна Америка и е фудбалски турнир на кој се натпреваруваат најсилните фудбалски екипи.

На вчерашниот реванш натпревар од полуфиналето аргентинската екипа Ривер Плата и парагвајскиот претставник Гуарани играа нерешено 1:1, но Ривер Плата со предноста од првиот меч кој заврши со победа од 3:1 успеа да се пласира во финалето.

Реваншот од второто полуфинале ќе се одигра вечерва во 03:55 часот според турско време помеѓу мексиканската екипа Тигрес и бразилскиот претставник Интернационал.

Првиот меч беше одигран во Бразил и домаќинот Интернационал извојува победа од 2:1.

Вториот реванш натпревар од ова полуфинале ќе се емитува во живо преку телевизиските екрани на ТРТ Спорт.

Шампионската титула во Купот Либертадорес кој се одржува од 1960 година, досега аргентинските екипи ја освоија 23 пати, бразилските 17, а уругвајските 8 пати.

Првиот финален меч во Купот Либертадорес ќе се одигра на 29 јули, а реваншот на 5 август.


Тагови:

Слични вести