Фенербахче потпиша договор и со Боби Диксон

Во објавеното соопштение на официјалната интернет страница на Фенербахче се истакнува дека е потпишан двогодишен договор и со американскиот кошаркар Боби Диксон

346537
Фенербахче потпиша договор и со Боби Диксон

Турската кошаркарска екипа Фенербахче која во оваа трансфер сезона кон своите редови приклучи познати кошаркарски ѕвезди како што се Костас Слоукас, Перо Антич, Бариш Херсек и Луиџи Датоме, потпиша двогодишен договор и со американскиот кошаркар Боби Диксон.

Веста беше објавена на официјалната интернет страница на клубот.

Американскиот кошаркар Боби Диксон кој минатата сезона играше за Пинар Каршијака со која ја освои шампионската титула во првата кошаркарска лига на Турција, на вкупно 42 натпревари играше со по 17,3 коша, 4,4 асистенции, 3,8 скока и 1,9 украдени топки.

Диксон во финалната серија на плеј оф натпреварите во лигата беше избран и за најценет играч.


Тагови:

Слични вести