Младите турски кошаркарки го освоија Балтичкиот куп

Младата турска кошаркарска репрезентација за жени во финалето на Балтичкиот куп ја победи Естонија

381090
Младите турски кошаркарки го освоија Балтичкиот куп

Младата женска кошаркарска репрезентација на Турција во финалето на Балтичкиот куп чиј домаќин беше летонскиот град Вентспилс играше против Естонија.

Натпреварот заврши со резултат од 53:42 и младите турски кошаркарки овој подготвителен турнир го завршија со освојување на шампионската титула и тоа без пораз.

Турција натпреварот го започна со петорката Ирем Наз Топуз, Манолја Куртулмуш, Мерве Ари, Мелтем Авџи и Сена Арал со што првата четвртина заврши со резултат од 7:4. Првото полувреме заврши со 29:18, а во третата четвртина резултатот веќе беше 41:28 за Турција.

Младата турска кошаркарска репрезентација за жени утре ќе се врати во земјата, а потоа на 17 јули ќе замине за Хрватска за дуел натпреварите.


Тагови:

Слични вести