Енес Кантер стана најплатен турски спортист

Турскиот кошаркарски репрезентативец Енес Кантер потпиша четиригодишен договор со НБА екипата Оклахома-Сити Тандер вреден 70 милиони 58 илјади американски долари

379922
Енес Кантер стана најплатен турски спортист

Нашиот претставник во американската професионална кошаркарска лига НБА Енес Кантер потпиша четири годишен договор со Оклахома-Сити Тандер вреден 70 милиони 58 илјади американски долари со што стана најмногу плаќан играч во историјата на турскиот спорт.

Портланд Траил Блејзерс, екипа од Западната Конференција на НБА, во изминатите денови му предложи договор на Енес Кантер вреден 70 милиони 58 илјади американски долари. 23 годишниот пивот кој во Оклахома беше со статус на „слободен играч“ откако неговата екипа ја понуди истата сума потпиша четиригодишен договор и остана во истата екипа.

Согласно договорот Енес Кантер висок 2,11 метри кој игра на позицијата пивот годишно ќе заработи 17 милиони 645 илјади долари.

На тој начин турскиот кошаркарски репрезентативец Кантер стана нов сопственик и на титулата турски спортист кој заработува најмногу.


Тагови:

Слични вести