Арда Туран го потпиша петгодишниот договор за трансфер

Барселна на Атлетико Мадрид ќе му исплати 34 милиони евра надомест за трансфер

378380
Арда Туран го потпиша петгодишниот договор за трансфер

Турскиот репрезентативец Арда Туран потпиша петгодишен договор со екипата на 1-та фудбалска лига (Ла Лига) Барселона.

Свеченото потпишување на договорот се одржа во зградата на клубот во рамките на комплексот на стадионот Камп ноу.

По свеченото потпишување на договорот, Арда Туран заедно со менаџерот Ахмет Булут и другарите се сликаа пред знамето на Барселона.

За трансферот на Арда Туран, Барселна на Атлетико Мадрид ќе му исплати 34 милиони евра надомест за трансфер. Во случај на остварување на посебните одредби во договорот, надоместот на трансферот а Туран ќе се зголеми на 41 милион евра.


Тагови:

Слични вести