Турција ја порази Литванија со резултат од 66:50

Младата турска кошаркарска репрезентација на Европското младинско првенство во кошарка ја совлада Литванија со резултат од 66:50

338119
Турција ја порази Литванија со резултат од 66:50

Младата турска кошаркарска репрезентација на Европското првенство во кошарка извојува две победи една по друга.

Турските кошаркари кои турнирот го започнаа со титулата последен шампион, по извојуваната победа во првиот натпревар против Велика Британија со резултат од 59:57,  ја порази и Литванија со резултат од 66:50.

По овие две извојувани победи младата турска кошаркарска репрезентација со еден одигран меч повеќе се искачи на лидерската позиција во групата „Д“.

Турските кошаркари под водство на главниот тренер Танер Ѓунај во третиот натпревар во својата група на 10 јули во петок во 22:00 часот според турско време ќе играат против Словенија.


Тагови:

Слични вести