Утре ќе се извлечат ждрепките за паровите на Супер Тото Лигата Х

Фудбалската сезона 2015-2016 се предвидува да заврши на 22 мај 2016 година недела

337541
Утре ќе се извлечат ждрепките за паровите на Супер Тото Лигата Х

Според плановите за сезоната кои беа објавени на официјалната веб страница на Фудбалската федерација на Турција на интернет tff.org, на 9 јули четврток ќе бидат извлечени ждрепките на двојките за Спор Тото Супер Лигата Хасан Доган.

Извлекувањето на ждрепките ќе започна во 16:00 часот според турско време во седиштето на Фудбалската федерација на Турција во Рива во Бејкоз.

Според планирањето за фудбалската сезона 2015-2016 година, Спор Тото Супер Лигата на Турција ќе започне на 14, 15 и 16 август 2015. Првата половина на сеозната ќе заврши на 27 декември 2015. Втората половина на лигата ќе започне со натпреварите што ќе се одржат на 16,17 и 18 август.

Фудбалската сезона 2015-2016 се предвидува да заврши на 22 мај 2016 година недела.

Натпреварот за Купот на Фудбалската федерација на Турција ќе се одржи на 8 август 2015 сабота, натпреварот за Купот Зираат на Турција ќе се одигра на 25 мај 2016 година среда. Според планирањето за претстојната фудбалска сезона, поради одбележувањето на празникот Курбан Бајрам на 24 и 25 септември, првите два дена нема да има фудбалски натпревари. Исто така на 31 декември и 1 јануари нема да има натпревари во рамките на професионалната лига и Купот Зираат на Турција.


Тагови:

Слични вести