САД ја совлада репрезентацијата на Јапонија со резултат од 5 – 2

Англија ја совлада репрезентацијата на Германија со резултат од 1 – 0 и го освои бронзениот медал

334329
САД ја совлада репрезентацијата на Јапонија со резултат од 5 – 2

Синоќешното светско првенство во фудбал жени ФИФА 2015 во Канада заврши со финалниот натпревар меѓу репрезентациите на САД и Јапонија, кој беше емитуван во живо од страна на ТРТ Спорт.

На синоќешниот натпревар во Ванкувер, женската репрезентација на САД ја совлада репрезентацијата на Јапонија со резултат од 5 – 2 и во рамките на Светското првенство што се организира од 1991 година наваму, по трет пат го освои шампионатот и на тој начин се стекна со епитет на репрезентација која досега постигна најголем успех и најмногу го освои шампионатот.

На претходниот натпревар за третото место, Англија ја совлада репрезентацијата на Германија со резултат од 1 – 0 и го освои бронзениот медал.

Американската фудбалерка Карли Лојд беше избрана за најдобра фудбалерка на турнирот поради што и беше доделена наградата Златна топка.

Додека голманката на САД Хопе Соло ја доби наградата на ФИФА Златна ракавица. Најдобри стрелци на шампионатот со по 6 голови бе Селиа Сасиќ и Карли Лојд од германската репрезентација.

Наградата за најдобра млада фудбалерка на шампионатот и беше доделена на Кадеиша Бучанан од репрезентацијата на Канада.


Тагови:

Слични вести