Финалето на Светскиот мундијал за жени 2015 во живо на ТРТ Спорт

Финалниот меч помеѓу САД и Јапонија на Светското првенство во фудбал за жени во Канада ќе се емитува во живо на ТРТ Спорт

332789
Финалето на Светскиот мундијал за жени 2015 во живо на ТРТ Спорт

Светското првенство во фудбал ФИФА 2015 за жени кое продолжува од 6 јуни и чиј домаќин е Канада завршува вечерва со финалниот натпревар што ќе се одигра помеѓу САД и Јапонија.

Натпреварот ќе започне во 02 часот по полноќ според турско време и ќе се емитува во живо на телевизискиот канал на Турската радио-телевизија ТРТ, ТРТ Спорт.

Вчера се одигра натпреварот за третото место на првенството на кој Англија ја порази Германија со резултат од 1:0 и се закити со бронзен медал.

Во финалето што ќе се одигра вечерва по полноќ доколку победат САД со освоени три шампионски титули од 1991 година досега ќе станат најуспешна екипа во историјата.

Доколку победи Јапонија пак заедно со САД и Германија меѓу екипите кои имаат освоени по две шампионски титули досега ќе влезат и јапонските фудбалерки.


Тагови:

Слични вести