Омер Ашик ќе потпише договор вреден 60 милиони долари
Нашиот успешен претставник во НБА Омер Ашик ќе потпише петгодишен договор со Њу Орлеанс Пеликанс вреден 60 милиони долари
Екипата на американската професионална кошаркарска лига НБА Њу Орлеанс Пеликанс ќе потпише петгодишен договор со успешниот турски репрезентативец Омер Ашик.
Официјалното соопштение од страна на клубот се очекува да биде објавено по 9-ти јули кога ќе биде отворена трансфер сезоната во НБА.
Омер Ашик кој претходно играше за Чикаго Булс и Хјустон Рокетс во новата сезона ќе игра за Њу Орлеанс Пеликанс.
Ашик минатата сезона излезе на 76 натпревари и играше со просек од 7,3 коша и 9,8 скока.
Петгодишниот договор што ќе го потпише Омер Ашик со Њу Орлеанс Пеликанс ќе биде вреден 60 милиони долари.
На тој начин 28 годишниот Ашик ќе се стекне и со титулата турски спортист кој заработува најмногу во историјата на турскиот спорт.
Омер Ашик со заработка од 60 милиони долари ќе ги престигне Хидајет Туркоглу кој имаше постигнато договор со Орландо вреден 52,8 милиони долари и Мехмет Окур кој склучи договор со Јутах Џез вреден 50 милиони долари.