Завршија Европските олимписки игри во Баку

Турција со 6 златни, 4 сребрени и 19 бронзени, вкупно 29 медали се најде на 14-то место

324715
Завршија Европските олимписки игри во Баку

Европските олимписки игри во Баку завршија со големата свечена манифестација што се одржа на Националниот стадион на Баку со капацитет од 68 илјади гледачи.

На најголемата спортска организација во историјата на Азербејџан, 1-те Европски олимписки игри учествуваа околу 6 илјади спортисти од 50 земји кои се натпреваруваа во 30 дисциплини.

За следење на олимписките игри кои што се одржаа на 18 спортски игралишта, беа задолжени 700 домашни и 500 странски новинари.

Најголем број медали на Европските олимписки игри во Баку освои Русија и тоа 79 златни, 40 сребрени и 45 бронзени, вкупно 164.

По Русија, со 21 златен, 15 сребрени, 20 бронзени вкупно 56 медали се најде Азербејџан. Велика Британија освои 18 златни, 10 сребрени, 19 бронзени, вкупно 47 и се најде на трето место од аспект на вкупниот број освоени медали.

Турција со 6 златни, 4 сребрени и 19 бронзени, вкупно 29 медали се најде на 14-то место.


Тагови:

Слични вести