Турските кошаркарки ја поразија екипата на Литванија

Со оваа победа кошаркарките се стекнаа со шанса да настапат на Олимписките игри во Рио

320146
Турските кошаркарки ја поразија екипата на Литванија

Турските кошаркарки ја совладаа репрезентацијата на Литванија со резултат од 66 спрема 57 коша и се стекнаа со шанса да настапат на Олимписките игри во Рио.

Најдобри кошаркарки на натпреварот беа Неврије Јилмаз со 17, Лара Сандерс со 14 и Ишил албен со 16 коша.

Доколку на утрешниот натпревар го поразат противникот турските кошаркарки ќе се изборат за право на учество на елиминационите натпревари за Олимписките игри во Рио.

 


Тагови:

Слични вести