Добар старт на Самовилите на кошарката на првенството

Турција ја победи Полска со резултат од 57-54

302503
Добар старт на Самовилите на кошарката на првенството

Самовилите на кошарката како се познати турските кошаркарки, стартуваа со победа од 57–54 против репрезентацијата на Полска во Б групата во рамките на 5-то Европско првенство во кошарка што се одржува под покровителство на Турција, Романија и Унгарија.

Првиот период репрезентацијата на Полска го заврши со предност од 17-11, а исто така и вториот период со водство од 33-26.

Третиот период на натпреварот, женската кошаркарска репрезентација на Турција прејде во водство и го заврши со предност од 43-42 и на крајот извојува победа од 57-54.

Турските репрезентативки, вториот квалификационен натпревар во групата ќе го одиграат на 13 јуни сабота против Белорусија.

Репрезентацијата на Белорусија извојува победа над Италија со резултат од 85-76.


Тагови:

Слични вести