Ишил Албен повторно во Галатасарај Одеабанк

Ишил Албен минатата сезона ја помина во руската екипа Динамо Курск

298169
 Ишил Албен повторно во Галатасарај Одеабанк

Последниот шампион на женската кошаркарска лига на Турција, екипата на Галатасарај Одеабанк, поранешната кошаркарка Ишил Албен повторно ја вклучи во екипата.

Искусната кошаркарка во сезоната 2013-2014 година со жолто-црвениот дрес покрај шампионската титула имаше можност да ја доживее и радоста на успесите во Европската лига и купот на Турција. По период од една година искусната кошаркарка повторно се врати во старата екипа.

Џан Топсакал, членот на УО на Галатасарај рече дека кошаркарката Ишил Албен минатата сезона ја помина во руската екипа Динамо Курск и дека постигнале договор од 2 плус една година.


Тагови:

Слични вести