Продолжува операцијата против корупцијата во ФИФА

Чак Блазер со прифаќањето на тврдењата за поткуп, измама, го прифати предлогот за соработка

293061
Продолжува операцијата против корупцијата во ФИФА

Поранешниот раководител на ФИФА, Чак Блазер призна дека самиот лично и некои други раководители примиле поткуп во рамките на период НА кандидатурите за Светските купови во 1998 и 2010 година.

Американскиот регионален суд во Њујорк објави еден исказ на Блазер од 2013 година.

Од исказот на Блазер беше утврдено дека ги прифатил обвинувањата.

Според тоа, Чак Блазер со прифаќањето на тврдењата за поткуп, измама, проневера, перење пари, затајување на данок, го прифати предлогот за соработка.

Светското првенство во фудбал во 1998 година беше одржано во Франција, а во 2010 година во Јужна Африка.

По исказот и прифаќањето на обвинувањата од страна на Блазер за примање поткуп и доделување поткуп на членовите на ФИФА со цел да се добие организацијата за одржување на светското првенство, се очекува да се прошири обемот на операцијата.


Тагови:

Слични вести