Анадолу Ефес ја победи екипата на Емпорио Милано со 86-78

Анадолу Ефес ја постигна 6-та победа во групата и го сочува 4-то место

225645
Анадолу Ефес ја победи екипата на Емпорио Милано со 86-78

Зголемени шансите на Анадолу Ефес за пласман во четврт-финалето на Европската лига Туркиш ерлајнс.

Сино-белата екипа на натпреварот во Истанбул ја победи екипата на Емпорио Милано со резултат од 86-78 кошеви.

Со овој резултат екипата на Анадолу Ефес ја постигна 6-та победа во групата и го сочува 4-то место, додека екипата на Емпорио Милано со 9-от пораз се најде на 6-то место во групата и ја изгуби шансата за пласман меѓу првите 4. На првиот натпревар што се одигра во Италија, екипата на Анадолу Ефес извојува победа со резултат од 71-73.

Последната недела Анадолу Ефес доколку спее да ја победи екипата на Фенербахче Улќер ќе се искачи на четврто место во групата, во спротивно за пласман во четврт-финалето ќе треба да чека Лаборал да изгуби од Малага.


Тагови:

Слични вести