Алекс де Соуза се прости од фудбалот

Алекс на јубилејниот натпревар постигна 2 гола

286715
Алекс де Соуза се прости од фудбалот

Еден од најуспешните и најомилените странски фудбалери на Фенербахче, Бразилецот Алекс де Соуза се прости од фудбалот.

Алекс на јубилејниот натпревар што се одигра меѓу „Палмеирас 1999“ и екипата „Пријатели на Алекс“ заврши со победа на Палмеирас од 5 спрема 3.

Првите два гола на натпреварот ги постигна фудбалерот од Фенербахче Тунџај Шанли. Алекс де Соуза во првата половина играше со дресот на Палмеирас и во 27 та минута го совлада голманот Рушту Речбер го постигна првиот гол. Алекс на натпреварот постигна 2 гола и една асистенција и на тој начин ја заврши фудбалската кариера.

Алекс де Соуза важи за еден од фудбалерите на Фенербахче кој најмногу го облече дресот на клубот на Европските купови и постигна најмногу голови, односно странски фудбалер кој најмногу играше во Фенербахче, прв странски фудбалер кој во историјата на лигата го помина прагот од 100 голови и чија статуа беше подигната додека е жив.


Тагови:

Слични вести