Фенербахче Улќер не ја прекина серијата победи

Фенербахче Улќер ја победи руската екипа Нижни со резултат од 92-79

251347
Фенербахче Улќер не ја прекина серијата победи

Кошаркарската екипа на Фенербахче Улќер на 9-от натпревар во Ф групата на Топ 16 на Лигата на Европа ја победи руската екипа Нижни со резултат од 92-79.

Жолтосината екипа по шесте победи по ред во Ф групата, вчера ја извојува седмата победа.

Првиот период заврши со резултат од 18-17, додека првото полувреме Фенербахче Улќер го заврши со 16 кошеви разлика и резултат од 50-34.

Третиот период жолтосините го завршија со водство од 62-55, а на крајот извојуваа победа со разлика од 13 кошеви разлика и резултат од 92-79.


Тагови:

Слични вести