Женските одбојкарски екипи продолжуваат во Лигата на шампионите

Екипите на Еџзаџибаши Витра и Фенербахче Грундинг се пласираа во Плејоф 6 на ЦЕВ

224097
Женските одбојкарски екипи продолжуваат во Лигата на шампионите

Нашите претставници во одбојка, продолжуваат по зацртаниот пат во Лигата на шампионите.

Женските одбојкарски екипи кои ја претставуваат Турција во Лигата на шампионите на Европската одбојкарска федерација ЦЕВ 2015 ДенизБанк, продолжуваат без пораз.
Екипата на Еџзаџибаши Витра на вчерашниот натпревар со чешката екипа Агел извојува победа од 3 – 0 (во сетови и тоа 25-14, 25-14,25-19) и на тој начин се пласира во плеј-оф колото од по 6 екипи, додека екипата на Фенербахче Грундинг и покрај поразот на натпреварот со германскиот противник Дрезднер СЦ од 3 – 2 (во сетови и тоа 26-24, 24-26, 19-25, 25-18, 13-15), како резултат на извојуваната победа од 3-0 на првиот натпревар, се пласираше во Плејофот на најдобрите 6.
Новиот противник на Еџзаџибаши Витра ќе биде определен од натпреварот меѓу РС Кан од Франција и Волеро Цирих од Швајцарија. Противник н Фенербахче Грундинг ќе биде победникот на реванш натпреварот меѓу Вакифбанк и руската екипа Динамо Казан.


Тагови:

Слични вести