Панатинаикос – Галатасарај Лив Хоспитал 86-77

Екипата на Галатасарај Лив Хоспитал на 5-от натпревар во групата го доживеа 3-от пораз

204389
Панатинаикос – Галатасарај Лив Хоспитал 86-77

Нашиот претставник во Европската лига Туркиш ерлајнс во кошарка, Галатасарај Лив Хоспитал на натпреварот во гости со Панатинаикос беше поразен со резултат од 86-77.

Машката екипа на Галатасарај Лив Хоспитал, на натпреварот во 5-то коло на Европската лига Топ 16 во Е групата играше со грчкиот противник Панатинаикос во гости. Галатасарај беше поразен со резултат од 86 – 77.

Првиот период на натпреварот што се доигра во Олимписката спортска сала во Атина заврши со предност на грчкиот противник од 19 спрема 11. Првото полувреме заврши со резултат од 42 спрема 27. Екипата на Панатинаикос продолжи со добрата игра и третиот период го заврши со резултат од 65 спрема 46.

Екипата на Галатасарај Лив Хоспитал во последните 30 секунди разликата ја намали на 6 кошеви разлика и тоа 81 спрема 75. Но напорите на жолто-црвените во последниот период не беа доволни за победа, така што екипата на Панатинаикос беше екипата која победи со резултат од 86-77.

Екипата на Галатасарај Лив Хоспитал на 5-от натпревар во групата го доживеа 3-ит пораз. Најдобри стрелци на Галатасарај беа Мицов со 16, Керем Ѓонлум со 14 и картер со 12 кошеви.


Тагови:

Слични вести