Бешикташ лидер во групата

Фудбалерите на Бешикташ синоќа ја совладаа екипата на Тотенхајм од Англија со резултат од 1 спрема 0

145553
Бешикташ лидер во групата

Натпреварот се одигра во рамките на шестата недела од натпреварите во Ц групата на Европското првенство на УЕФА.

Првиот и единствен гол на натпреварот што се играше во Истанбул на олимпискиот стадион Ататурк го постигна Џенк во 59’та минута.

Со оваа победа Бешикташ со вкупно освоени 12 бода се искачи на челната позиција на табелата оставајќи го зад себе Тотенхајм со освоени 11 бода.

Новите противници на Бешикташ ќе бидат познати на 15 декември во понеделник кога ќе бидат извлечени ждрепките на Европското првенство на УЕФА во Нион Швајцарија. Како можни противници на Бешикташ се истакнуваат второ пласираните во своите групи во натпреварите за европското првенство на УЕФА и 4 екипи кои ќе дојдат од Лигата на Шампионите на УЕФА, Ливерпул, Андерлехт, Рома и Ајакс.

Синоќа Трабзонспор го одигра последниот натпревар во Л групата на Европското првенство на УЕФА. Трабзонспор играше на гости против Легија Варшава од кого загуби со резултат од 2 спрема 0.

После овој пораз Трабзонспор се пласира на второто место на табелата.

Следниот натпревар Трабзонспор ќе го игра против екипа од Лигата на Шампионите.


Тагови:

Слични вести