Дујгун Јарсуват е новиот претседател на ФК Галатасарај
Јарсуват во поздравниот говор вети дека ќе им пружи шанса на новите и млади сили
На гласањето на вонредната седница на Собранието на ФК Галатасарај Јарсуват доби 1 777 гласа од вкупно 3343 членови и со тоа стана 35 претседател на клубот.
Неговиот против кандидат Алп Јалман доби 15 66 гласа.
Јарсуват кој инаку е познат во круговите на клубот има 77 години. Дипломирал на гимназијата Галатасарај во Истанбул и на Правниот Факултет на Истанбулскиот Универзитет. Познат е како истакнат научник но и голем љубител на фудбалот и посебно на Галатасарај.
Во периодот 2004-2008 година беше ректор на Универзитетот Галатасарај а во периодот 1998-2002 година претседател на претседателството на Клубот Галатасарај.
Основач е на Здружението на турското кривично право, и член на меѓународното здружение на кривичното право. Во моментот е професор на Правниот факултет на Универзитетот Једитепе во Истанбул.
Јарсуват во поздравниот говор вети дека ќе им пружи шанса на новите и млади сили кои сакаат да се истакнат како раководители на клубот и дека ќе ги предводи подготовките за изборот на ново раководство на клубот на изборите во мај идната 2015 година
Слични вести

Истанбул домаќин на Фајнел-форот во Евролигата за жени
Фајнел-форот на Евролигата за жени на ФИБА за сезоната 2020-2021 ќе започне утре во Истанбул