Две златни медали во теквандо за Турција

Голем успех на европскиот шампионат во теквандо за млади надежи што се одржува во австрискиот град Инсбрук

142693
Две златни медали во теквандо за Турција

На европскиот шампионат во теквандо за млади надежи што се одржува во австрискиот град Инсбрук турсдките натпреварувачи Ирем Јаман и Беркџан Сунгу освоија златен медал.

Ирем Јаман во женска конкуренција во категоријата до 67 килограми ја совлада својата противничка од Полска Катарзина со резултат од 2 спрема 1.

Беркџан Сунгу во финалето го совлада својот противник од Шпанија Силва Пазос со резултат од 3 спрема 0.

Шпанецот Пазос се повлече од натпреварот после силниот удар што го доби од Сунгу во градниот кош.

Повлекувањето на Шпанецот Пазос автоматски значеше победа на Сунгу кој ја освои титулата европски првак.

После прогласувањето на победата Сунгу направи гест одејќи кај својот противник и интересирајќи се за неговата здравствена состојба.

 


Тагови:

Слични вести