Трабзонспор лидер во групата

Трабзоспор го совлада украинскиот противник Металист Харков со резултат од 2:1

131811
Трабзонспор лидер во групата

Турскиот фудбалски претставник Трабзоспор, на првиот квалификационен натпревар во Л групата на Европската лига УЕФА го совлада украинскиот противник Металист Харков со резултат од 2:1.

На натпреварот што се одигра во градот Лавов, екипата на Трабзонспорт со голот на Констант во 25-та минута првото полувреме го заврши со водство од 1:0. Во втората полувреме Трабзонспор играше дефанзивно и не можеа да го спречат голот на Хоменјик на противничката екипа и беше постигната еднаквост со резултат од 1:1. Во продолжение на натпреварот, екипата на Трабзонспор во 90+4 минута, Пападопулос од слободен удар го постигна вториот и победоносен гол за екипата и на тој начин натпреварот заврши со победа на Трабзоспор со резултат од 2:1.

На 2 октомври во четврток, Трабзонспор на домашен терен ќе игра со полскиот противник Легија Варшава.


Тагови:

Слични вести