Пехарот на Супер купот во рацете на Фенербахче

На финалниот натпревар во Супер купот на Турција пехарот го освоија фудбалерите на Фенербахче.

103405
Пехарот на Супер купот во рацете на Фенербахче

На финалниот натпревар во Супер купот на Турција што се одигра на стадионот 19 Мај во Маниса меѓу вечните ривали Фенербахче и Галатасарај пехарот го освоија фудбалерите на Фенербахче.

Натпреварот во регуларното време заврши со резултат од 0 спрема 0 .

Во продолжетокот фудбалерите на Фенербахче беа поуспешни од своите противници така што победија со гол разлика од 3 спрема 2.

Головите за Галатасарај во продолжетокот ги постигнаа Бурак Јилмаз и Олџабн Адин, а неуспешни беа Јекта Куртулуш и Селчук Инан и Фелипе Мело.

За Фенербахче гол постигнаа Раул Меирелес , Мајкл Кадлец и Дирк Кујт а неуспешни беа Мехмет Топуз и Џанер Еркин.

Слабата игра на фудбалерите на Галатасај во голема мера ја компензираше голманот Фернандо Муслера кој спаси неколку удари од притивничките фудбалери.

Со оваа победа фудбалерите на Фенербахче по трет пат во последните 3 години го освојува пехарот на Супер купот на Турција во натпревар со Галатасарај.

 


Тагови:

Слични вести