Нов период во Галатасарај

Фудбалскиот клуб Галатасарај потпиша договор со италијанскиот технички директор Чезаре Прандели

117538
Нов период во Галатасарај

По тој повод изјава за Турската радио и телевизија ТРТ даде претседателот на клубот Унал Ајхан кој што рече дека новиот технички директор Чезаре Прандели од понеделник ќе застане на чело на тимот.

Преговорите поминаа мошне добри, така што сметам дека за трансферот по неколку дена ќе биде известена берзата. Имам чест уште од сега да ги израдувам навивачите на Галатасарај дека сезоната 2014/2015 година ќе биде многу успешна за нас. Уште од сега сум нестрплив за почетокот на есенската сезона.

Инаку Пандели пред тоа беше ангажиран во италијанските клубови Леџе, Верона, Венезија, Парма, Рома и Фиорентина.

По елиминацијата на Италија од понатамошните натпревари на Светското првенство во фудбал во Бразил 57 годишниот технички директор Прандели поднесе оставка.

 


Тагови:

Слични вести