Португалија и Русија се збогуваа од Светското Првенсто

Вчера се одржаа последните натпревари во Х и во Г групата на светското фудбалско првенство во Бразил

109055
Португалија и Русија се збогуваа од Светското Првенсто

Во Г групата Германија ја порази САД со 1 спрема 0, а Португалија ја порази Гана со 2 спрема 1. После овие резултати Германија се искачи на челната позиција во групата а САД со просечен резултат како втори се пласираа во вториот круг.

Трето пласираната Гана и четврто пласираната Португалија го напуштија првенството.

Во натпреварите што се одиграа во Х групата Алжир и Русија играа нерешено со 1 спрема 1, а Белгија ја совлада Јужна кореа со 1 спрема 0.

После овие резултати Белгија со 9 бода е прва , Алжир со 4 бода втор,а трето и четврто пласираните Русија и Јужна Кореа беа елиминирани од понатамошните натпревари во групата.

Во вториот круг од натпреварите ќе играат Германија против Алжир и Белгија против САД.

 


Тагови:

Слични вести