РИЗА КАЈААЛП НА ЧЕЛО НА СПИСОКОТ НА НАЈДОБРИТЕ СВЕТСКИ БОРАЧИ

Изборот на Кајаалп за најдобар борач на светот не е случаен туку се должи на неговите успеси на меѓународните натпревари

65670
РИЗА КАЈААЛП НА ЧЕЛО НА СПИСОКОТ НА НАЈДОБРИТЕ СВЕТСКИ БОРАЧИ

Турскиот национален борач светски и европски првак Риза Кајаалп се најде на челото на списокот на најдобрите светски борачи до 130 килограми во грчко римски стил кој што го подготви ФИЛА,Светската Боречка Организација. Изборот на Кајаалп за најдобар борач на светот во оваа категорија не е случаен туку се должи на неговите успеси на меѓународните натпревари.

Четирикратниот светски првак и двократниот олимписки првак Кајаалп се најде пред кубанецот Лопез Нунез кој се планира на второт место на списокот на ФИЛА. Кајаалп на Светкото Првенство во 2011 година во Истанбул доби златен медал во категоријата до 120 килограми а лани на Светското Првенство во Финска исто така се пласира на првото место во категоријата до 130 килограми.

Кајаалп изјави дека титулата најдобар борач не е неочекувана за него и дека ќе вложи сили да ја оправда довербата на ФИЛА.

 


Тагови:

Слични вести