Ден за високи гости на вежбата „Брз одговор 22“ на полигонот Криволак

На денешниот ден од вежбата „Брз одговор 22“ што се реализира на полигонот Криволак наменет за високи гости учествуваа претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски и други високи функционери.

1826223
Ден за високи гости на вежбата „Брз одговор 22“ на полигонот Криволак
makedonya swift response 22 tatbikat.jpg
makedonya swift response 22 tatbikat.jpg
makedonya swift response 22 tatbikat.jpg

На полигонот Криволак во Северна Македонија се реализира вежбата „Брз одговор 22“ („Swift Response 22“) која е досега најголемата воена вежба што се одржува во оваа земја.

На денешниот ден на вежбата за високи гости учествуваа претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски и други високи функционери.

Во рамките на вежбата „Брз одговор 22“ („Swift Response 22“) учествуваат 4.600 персонал, 45 воени и транспортни авиони и хеликоптери од вооружените сили на земјите на НАТО како што се земјата домаќин Северна Македонија и  Албанија, Грција, Италија, Англија, Соединетите Американски Држави (САД), Франција и Црна Гора.

Во рамките на вежбата која ќе трае до 20 мај се реализираат повеќе од 700 скокови со падобран.

Во објавеното соопштение од кабинетот на претседателот на Северна Македонија се истакнува следното: „Вежбата, исто така, има за цел да ја демонстрира способноста на американските копнени сили за брзо распоредување во Европа и Африка, заедно со воздушните сили во Европа.“

Претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски кој го следеше денешниот дел од вежбата во оваа пригода истакна дека оваа вежба ја покажува колективната подготовка на НАТО и нагласи дека освен тоа вежбата е извонредна можност за Северна Македонија да ги покаже и сопствените способности и капацитети.

 



Слични вести