Унал Устел назначен за мандатор за составување на новата Влада на Турската Република Северен Кипар

Во соопштението од Канцеларијата за печат и односи со јавноста на Претседателството се истакнува следното:  „Пратеникот на Партијата за национално единство (УБП) од Гирне Унал Устел е назначен за мандатор за составување на новата Влада“

1824354
Унал Устел назначен за мандатор за составување на новата Влада на Турската Република Северен Кипар

Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар мандатот за составување на нова влада му го довери на министерот за внатрешни работи и пратеник на Партијата за национално единство (УБП) од Гирне Унал Устел.

Во соопштението од Канцеларијата за печат и односи со јавноста на Претседателството се истакнува следното: „/•••/. Пратеникот на Партијата за национално единство (УБП) од Гирне Унал Устел е назначен за мандатор за составување на новата Влада.“

Според уставот, мандаторот Унал Устел мора да му го претстави својот кабинет на претседателот во рок од 15 дена или да ја врати на должноста.

Во Турската Република Северен Кипар (ТРСК) премиерот Фаиз Суџуоглу му ја врачи на  претседателот Ерсин Татар оставката на својата коалициска влада составена од Партијата за национално единство (УБП), Демократската партија (ДП) и Партијата за преродба (ЈДП).

Претседателот Ерсин Татар, на средбата со претставниците на политичките партии застапени во Собранието минатата недела најави дека задачата за формирање на нова влада ќе му ја довери на пратеник кој би можел да добие доверба и дека предвремените избори не се алтернатива.

Премиерот Фаиз Суџуоглу на 30 април му ја врачи на претседателот Ерсин Татар оставката на својата коалициска Влада и тој ја прифати неговата оставка.

 



Слични вести