Во Турската Република Северен Кипар е формирана нова Влада на чело со Фаиз Суџуоглу

Премиерот Фаиз Суџуоглу истакна дека списокот со имињата во новата Влада е одобрен од страна на претседателот Татар, а потоа ги прочита членовите на 39-та влада на Турската Република Северен Кипар (ТРСК)

1817658
Во Турската Република Северен Кипар е формирана нова Влада на чело со Фаиз Суџуоглу

Во Турската Република Северен Кипар (ТРСК) е формирана коалициска влада на чело со премиерот Фаиз Суџуоглу во која учествуваат Партијата за национално единство (УБП), Демократската партија (ДП) и Партијата за преродба (ЈДП).

Премиерот Фаиз Суџуоглу кој воедно е и претседател на Партијата за национално единство (УБП) списокот на владиниот кабинет му го достави на претседателот Ерсин Татар, а потоа даде изјави за претставниците на печатот.

Суџуоглу истакна дека списокот со имињата во новата Влада е одобрен од страна на претседателот Татар, а потоа ги прочита членовите на 39-та влада на Турската Република Северен Кипар (ТРСК).

Премиерот Фаиз Суџуоглу му посака „успех и среќа“ на новиот кабинет.

Премиерот Сучуоглу на 22 април од страна на претседателот Татар беше задолжен да ја формира новата Влада.

Суџуоглу на 19 април достави писмено барање до претседателот Татар да го разреши од должност министерот за финансии на 38-та влада Сунат Атун. Истиот ден кога претседателот Татар ја рагзледа оваа одлука, Сучуоглу му ја достави оставката на владата.

Претседателот Ерсин Татар во дадените изјави по остварената средба со Сучуоглу на 20 април, истакна дека ја прифатил оставката на коалициска влада на Партијата за национално единство (УБП), Демократската партија (ДП) и Партијата за преродба (ЈДП).

Коалициската влада УБП-ДП-ЈДП која беше 38-та влада на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) беше формирана на 21 февруари.

На предвремените парламентарни избори одржани на 23 јануари, Партијата за национално единство (УБП) го освои првото место со 39,54 отсто.

Републиканската турска партија (ЏТП) доби 32,4 отсто, Демократската партија (ДП) 7,41 отсто, Партијата за преродба (ЈДП) 6,39 отсто, а Народната партија (ХП) 6,68 отсто.

Според овие резултати, Партијата за национално единство (УБП) освои 24 пратенички места, Републиканската турска партија (ЏТП) 18, Демократската партија (ДП) 3, Народната партија (ХП) 3 и Партијата за преродба (ЈДП) 2 пратенички места во Републиканско Собрание на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) составено од вкупно 50 пратеници.

 



Слични вести