Реакција од претседателот на Турската Република Северен Кипар Ерсин Татар до Јужната кипарско-грчка управа

Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар покажа реакција на обидите на Јужната кипарско-грчка управа за зајакнување на ракетно одбранбените системи со кои располага Кипарско-грчката национална гарда

1768985
Реакција од претседателот на Турската Република Северен Кипар Ерсин Татар до Јужната кипарско-грчка управа

Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар во дадената изјава за Турската агенција на Кипар (ТАК) истакна дека обидите на Јужната кипарско-грчка управа за зајакнување на ракетно одбранбените системи со кои располага Кипарско-грчката национална гарда не се во услуга на мирот и ќе станат причина за покачување на тензијата во Источниот Медитеран.

Велејќи дека ги следат со вознемиреност и загриженост овие чекори на кипарско-грчката страна, Татар рече: „Уште еднаш ја повикуваме кипарско-грчката страна на здрав разум.“

Претседателот Татар укажа дека по издадената дозвола на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ПЈД минатата недела да се лоцира во кипарско-грчкиот дел и легализирањето на нејзините тамошни активности, сега интензивирани вестите дека кипарско-грчката страна ќе ги зајакне своите ракетно одбранбени системи, по што нагласи дека тоа доведе до покачување уште повеќе на тензијата во Источниот Медитеран.

Тој рече: „Ние, како Турска Република Северен Кипар (ТРСК) тоа го следиме со голема вознемиреност и загриженост. Овие обиди не се во услуга на мирот.“

Укажувајќи дека на ваквиот развој на настаните реагираше и Турција, Татар ја повика кипарско-грчката страна на здрав разум.

Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) привлече внимание на рамнотежите во Источниот Медитеран и појасни дека овде постојат одредени сфаќања, конвенции и практикувања од минатото.

„Република Турција е гаранторска земја на Кипар. Како земја гарант, Република Турција исто така има што да каже, постојат работи коишто може да ги направи, Таа има право на збор. Република Турција апсолутно како и секогаш, ќе ја покаже својата одлучност и по ова прашање, во име на одбрана на правата и интересите во Источниот Медитеран, ѝ на Турција, ѝ на кипарскиот турски народ. И покрај упатените повици за продолжување на мирот и намалување на тензиите, сметам дека зајакнувањето на ракетниот систем (на кипарските Грци) во одредена смисла нема никакво значење освен да презентираат агресивен став надвор од одбраната, бидејќи тие забораваат дека пред нив се наоѓа Република Турција“. - порача претседателот Ерсин Татар.

 



Слични вести