Во случај на ескалација на украинско-рускиот конфликт Хрватска ќе ги повлече своите војници од НАТО

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ истакна дека доколку се разгоре конфликтот меѓу Украина и Русија, хрватската армија ќе ги повлече сите свои војници од НАТО.

1768312
Во случај на ескалација на украинско-рускиот конфликт Хрватска ќе ги повлече своите војници од НАТО

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, за време на посетата на фабриката „Краш“ во Загреб на едно поставено новинарско прашање до него „Како Хрватска ќе реагира во случај на ескалација на актуелниот конфликт меѓу Украина и Русија, со оглед на најавите дека НАТО може да побара присуство на дополнителни хрватски војници во областа“, одговори дека доколку се разгоре конфликтот меѓу Украина и Русија, хрватската армија ќе ги повлече сите свои војници од НАТО.

Тој рече: „Нема вистински виновник во оваа ситуација, но многу е јасно кој ќе биде оштетен. Поради тоа, Хрватска и хрватската армија нема да учествуваат во една таква војна“.

Потсетувајќи на „барањето на НАТО за дополнително хрватско воено засилување во регионот“, Милановиќ рече: „Јас сум врховен командант на хрватската армија. Во случај на разгорување на конфликтот меѓу Украина и Русија, ќе ги повлечеме сите војници на хрватската армија. Не би сакал хрватската војска да се наоѓа во регионот.“

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ истакна дека оваа одлука нема никаква врска со Украина или Русија и продолжи со следните зборови: „Нашата одлука целосно зависи од динамиката на администрацијата на (претседателот на Соединетите Американски Држави) Џо Бајден и на американската внатрешна политика.“

Појаснувајќи дека „На Украина не ѝ е местото во НАТО“, Милановиќ го додаде следното: „Украина не може да напредува економски, таа стана една од најназадните земји.“



Слични вести