Во Атина се одржа 5-от мандатен состанок на Мешовитата турско-грчка комисија за економија

Додека извозот на Турција во Грција во 2021 година се зголеми за 73,3 отсто, Турција имаше трговски суфицит од приближно 1 милијарда долари

1767700
Во Атина се одржа 5-от мандатен состанок на Мешовитата турско-грчка комисија за економија

Под копретседателство на заменик-министерот за трговија Мустафа Тузџу и грчкиот заменик-министер за надворешни работи Костантинос Франгојанис во Атина се одржа 5-от мандатен состанок на Мешовитата турско-грчка комисија за економија.

Во заедничката писмена изјава по состанокот, беше наведено дека ќе се потенцираат зголемените трговско-економски односи меѓу Турција и Грција во 2021 година и дека средбата ќе има важна функција со цел да се задржи моментумот постигнат на ова поле и да се зголемат можностите за соработка.

Во Протоколот на 5-от мандат на мешовитата комисија, кој беше потпишан по преговорите, беа рефлектирани билатералните трговски односи, меѓусебните инвестиции, трговските прашања со Европската унија (ЕУ) и економската и техничка соработка во многу области, особено во енергетиката, туризмот, земјоделството, царината, транспортот.

Трговскиот обем меѓу Турција и Грција во 2021 година, во споредба со претходната година се зголеми за 69,2 % и достигна 5,2 милијарди долари.

Додека извозот на Турција во Грција во 2021 година се зголеми за 73,3 отсто, Турција имаше трговски суфицит од приближно 1 милијарда долари. Трговскиот обем меѓу двете земји е тројно зголемен од 2005 година.



Слични вести