Претседателот Татар се состана со лидерите на партиите во Републичкото Собрание
Претседателот Ерсин Татар се состана со лидерите и претставниците на Партијата за преродба (ЈДП), Народната партија (ХП), Демократската партија (ДП), Републиканската турска партија (ЏТП) и Партијата за национално единство (УБП)
1768226

Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар, ги прими лидерите на партиите кои ќе бидат претставени во Републичкото Собрание по одржаните предвремени парламентарни избори на 23 јануари.
Татар со лидерите и претставниците на Партијата за преродба (ЈДП), Народната партија (ХП), Демократската партија (ДП), Републиканската турска партија (ЏТП) и Партијата за национално единство (УБП) се состана во својата канцеларија.
На средбата, претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар и лидерите на петте политички партии кои се стекнаа со право да влезат во Републичкото Собрание направија проценка на изборните резултати.